СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово со промоција на филм за вредностите на училиштето

На 29.05.2019-та година (среда) со почеток од 19 часот, во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, СОУ „Гоце Делчев“ ќе промовира филм за вредностите на училиштето – Дом. Визија. Иднина.

Филмот е дело на ученици под менторство на прфесорката по македонски јазик и литература – Елизабета Чилевска-Пандева, со цел вкрстување на искуства на поранешни и сегашни ученици, како и промоција на позитивната училишна клима. Идејата за филмот произлегла од желбата да се научи нешто повеќе, односно учениците да се стават во улога на глумци, на новинари преку интервју, но и за вежбање на дикцијата – вели Чилевска-Пандева.

Од училиштето упатуваат отворена покана до сите ученици – поранешни, идни, сегашни, наставници, родители, пензионери и граѓани на општина Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.