Валандово е подготвено за почетокот на 34-тото издание на најстариот фестивал за новокомпонирана музика „Фолк Фест“ – Валандово, со првата, ревијална вечер, како афирмација на македонскиот јазик.
Вечерва ќе бидат отпеани песните на најдобрите текстописци како, Ѓорѓи Барбаровски, Томислав Которчевиќ, Огнен Неделковски и Борче Нечовски, кои оставиле свој белег на фестивалот.
Утревечер (31.05.2019-та) ќе се одржи и финалната вечер со 20 нови композиции кои ќе бидат изведени од дебитанти и истакнати имиња на македонската музичка сцена. Редоследот на песните за финалната вечер на фестивалот беше утврден со вкрстено ждребување, една бавна и една брза песна, со цел да се одржи динамиката на фестивалот.
Како водителски пар на фестивалот ќе се појават Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев.