Обезбедени средства за изградба на улица во Удово и мост и пат за поврзување на Горно Маало, Јосифово со регионалниот пат

Денес, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечен настан на кој во присуство на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, а на кој што потпишав решенија за реализација на проекти од Програмата за рурален развој.

Со тоа се обезбедени финансиски средства за реализација на два проекти во општина Валандово: „Изградба на улица „Вардарска“ во населено место Удово“ и „Изградба на пат и мост за поврзување на населено место Горно Маало, Јосифово со регионален пат Р-1105“.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password