Ѓоко Камчев ќе седне на пратеничкото место на Груевски

Валандово / 10:25

Ѓоко Камчев од Валандово е пратеникот кој во Собранието ќе го заземе пратеничкото место на поранешниот премиер Никола Груевски. Како поранешен пратеник од претходниот состав ќе го наследи Груевски како следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.

На денешната седница треба да се констатира оставката на Груевски и одземањето на неговиот мандат, поради негово неоправдано отсуство повеќе од 6 месеци.

Камчев беше пратеник од 2014-та до 2016-та година. Тој е роден на 04.10.1975-та година и е дипломиран политиколог.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password