Градоначалникот Костадинов на панел-дискусија за учество на граѓаните во креирањето и носењето одлуки

Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов учествуваше на Меѓународната конференција за рамномерен регионален развој организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Една од темите за дискусија кои беа отворени, беше учеството на граѓанските организации во креирањето и носењето на одлуки, капацитетот за нудење решенија, како и можноста да станат партнер на институциите во интерес на општествениот развој.

Зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации значи унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги и гарантирање на доброто владеење на локалните и државни власти. Силни граѓански организации се предуслов за демократско општество и заедница на слободни граѓани, предодредена за развој.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password