Од следната недела започнува реконструкцијата на валандовската градинка

Од следната недела, започнува реконструкцијата на детската градинка „Калинка“ во Валандово, во енергетско ефикасен објект.

Реконструкцијата ќе опфаќа: промена на кровната конструкција, изведба на термо фасада, енергетско ефикасна столарија, поставување на фото волтаици за производство на електро и топлотна енергија, замена на системот за парно греење, реконструкција на санитарните јазли, како и поставување на нови подни површини.

Овој проект е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција, каде општина Валандово е носител на проектот, заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ.

Со реализација на овој проект, Валандово ќе добие целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен објект во кој најмалите од нашата општина безбедно и софистицирано ќе го следат воспитно образовниот процес со заштеда на енергија од 70%. Изведбата на градежните работи е планирано да трае три месеци, започнувајќи од наредната недела.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password