Возач на камион од Валандово учествувал во тешка сообраќајка во која животот го загубило едно лице од Стојаково

На 30.06.2019-та година во 22:50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.

Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.