Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов организираше прием за учениците Борис Китановиќ, Елена Гребенакова и професорката Ташка Гетова, од СОУ “Гоце Делчев” – Валандово, кои годинава учествуваа на меѓународното натпреварување Genius Olympiad во Њујорк, САД и остварија одличен резултат во категоријата „Наука“ промовирајки го сопствениот иновативен производ за рециклажа на алуминиум.
Genius Olympiad, е натпреварување кое промовира глобално размислување за прашањата за животната средина и постигнување на одржливост преку основните науки, уметност, креативно пишување инженерство, дизајн и развој на бизнисот.
Целта на ова меѓународно натпреварување е да им овозможи на младите од целиот свет да се здружат, да го извлечат максимумот од своите способности, да споделат идеи и да произведат решенија кои ќе допринесат кон заштита и подобрување на животната средина.
Извор: О. Валандово