[ВИДЕО] Објавено промотивно видео за Манастирот Св. Ѓорги во Валандово

Општина Валандово денес објави промотивно видео во кое е претставен Манастрирот Св. Ѓорги во Валандово и убавините на манастирскиот комплекс.

Видеото е дел од серија на промотивни видеа кои ќе се објавуваат во иднина, а чија тематика ќе бидат убавините на општина Валандово.

Со ова почнува реализацијата на кампањата „Заљуби се во Валандово“, а видеата ќе бидат достапни на ЈуТуб профилот на Општина Валандово.

Од Општината се надеваат дека видеата ќе послужат како афирмација на природните убавини, историските локалитети и други вредности со кои располага Валандово, а со тоа ќе допринесат за зголемување на туристичките посети на општината.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password