Набавени се возила за прифатилиштата за бездомни животни во Валандово и Струмица

Набавени се две возила за проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ кои на 28.06.2019 година во просториите на општина Струмица од страна на  Раководителот на ЦРЈИПР, Жулиета Ѓуркова беа предадени на Претседателот на Советот на ЈИПР, Коста Јаневски од кои едното ќе се користи во Струмичко и Радовишкиот микро регион, а другото возило во Гевгелиско-Валандовскиот микро регион.

Возилата на следната Седница на Советот на Југоисточниот плански регион со Одлука ќе бидат дадени за трајно користење и одржување на општините Струмица и Валандово.

Изградбата на прифатилиштето во Валандово е во почетна фаза, додека пак прифатилиштето во Струмица е целосно изградено и во моментот се работи на поврзувањето на водоводната и канализациска мрежа. Кон крајот на август, најдоцна почетокот на септември треба да пристигне комплетниот мебел и опрема, по што истиот веднаш би можел да биде ставен во функција.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а  прифатилиштата ќе имаат обврска да ги згрижуваат кучињата од целиот регион. Главна цел е подобрувањето на безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион преку заштита и згрижување на бездомните животни во регионот.

 


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password