Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа година со кое се предвидени две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7.542 ха.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Валандово и Дојран дека второто прскање е планирано да се изврши на 23.07.2019 година (вторник) во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 24.07.2019 година (среда).
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.