Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Валандово, разочаран од состојбата на градскиот стадион, ја обвини локалната власт за негрижа

Трибини обраснати со трева повисока од еден метар и сува трева и смет на теренот, ваква е состојбата денес на градскиот стадион во Валандово.

„И така додека се радуваме на светските клубови кои прават големи успеси, во нашите валандовски срца боли само желбата да заигра нашата „Победа“. Денес сум крајно разочаран од сликата што ја видов која во мене ја потисна таа желба. Теренот на нашата ФК „Победа“ е запуштен и оставен да пропаѓа, ама во нивната програма имаат предвидено реконструкција на друго фудбалско игралиште. Додека да го реконструирате тоа ќе пропадне нашата „Победа“ која има голема традиција, а вие не направивте ништо за тоа да продолжи. Затоа извадете ја Победа од „вашите срца” (како што велевте на вашите митинзи) и пуштете ја да заживее.“, напиша Дејан Бошков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на клубот ФК „Победа“.

 

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password