РК „Младост“-Богданци ќе отвори ракометна школа во Валандово

По Дојран, РК „Младост“ – Богданци ќе отвори ракометна школа за деца и во Валандово, на барање на валандовчани. Како што велат од Клубот,  веќе е остварена средба со родители од Валандово на која беше разговарано за откривањето нови ракометни таленти.

Веќе е воспоставен и контакт со тренерите кои ќе ги одржуваат тренинзите во Валандово. Од „Младост“ велат дека со нив ќе работи и претседателот на Клубот – Мите Стоилов. Нив им останува уште средба со локалната самоуправа, со цел да се официјализира идејата.

Планот е од месец август да се започне со тренинзите, а од „Младост“ додаваат дека целта на отворањето на уште една школа е преку ракометот да се обедини Југоистокот и да се создаде база од домашни играчи, кои ќе го вратат „Младост“ на старите патеки, преку напорна работа.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.