АВРМ вработува раководители во неколку градови, меѓу кои и Валандово

Агенцијата за вработување на Македонија објави оглас за вработување на Раководители на АВРМ во неколку градови, меѓу кои и Валандово.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Да има завршено високо образование со стекнати 240 ЕКТС кредити, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Паричниот нето износ на плата изнесува 28.277,00 денари. Огласот трае до 07-ми август 2019-та година. Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за огласот во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Дополнителни информации на следниот линк.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password