Натпревар во сукање баница на празнувањето на „Св.Пророк Илија“ во Раброво

На 02-ри август 2019-та година (петок) ќе се одбележи патрониот празник на црквата „Св.Пророк Илија“ во село Раброво. За таа цел ќе се одржи литургија, водосвет и благословување на празнични колаци, како и празничен ручек.

Како новитет годинава во одбележувањето на празникот на селото е учеството на пензионери во програмата, според која е предвидено натпревар во сукање на посна баница и печење под вршник.

Програмата ќе започне од 12 часот. Сите заинтересирани пензионерки да се пријават до 31.07.2019-та година (среда), во Здружението на пензионери во Валандово. Во истиот натпревар можат да учествуваат и со готови изработки од дома (исклучиво посни).

Програмата ќе биде збогатена и со жива музика, а подготвените баници ќе се јадат на самото место.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password