Се одржа натпреварот во сукање баница во Раброво

Годинава, на чествувањето на празникот „Св. Илија“ во Раброво се одржа натпревар во сукање на баница.

Во натпреварот учествуваа пензионери од цел регион кои ги покажаа своите вештини во сукање посна баница и печење под вршник.

Програмата започна во 12 часот, а покрај натпреварот и дегустацијата на приготвените баници истата беше збогатена и со музика во живо.

Натпреварувачите од Гевгелија беа најуспешни, освојувајќи го првото место и сиболична парична награда од 1500 денари, веднаш по нив, на второто место, со награда од 1000 денари беа натпреварувачите од Богданци, а како трето пласирани беа пиравчани кои освоија 500 денари.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.