Картичките за зелена нафта за земјоделците се пристигнати во Министерството за земјоделство во Валандово

Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Валандово, информираат дека картичките за зелена нафта за земјоделците од општина Валандово, се изготвени и пристигнати во Подрачната единица на Министерството во Валандово и можат да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Картички има за сите кои обработуваат земјоделски површини и имаат поднесено (и исплатено) барање за субвенции за 2018-та година. Пресметката за одобрен износ е извршена врз основа на барањата од 2018-та година.

Картичките се подигаат лично и со себе задолжително е да се има документ за идентификација (лична карта или пасош).


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password