Гори депонијата кај полигонот во Валандово

Веќе подолг период, се почесто гори депонијата кај полигонот во Валандово. На ова место се депонира речиси цел смет од општината, а неретко, покрај Комуналниот сервис, своеволно ја користат и граѓаните на општината.

Во Македонија со закон е забрането неконтролирано палење на смет и депонии поради опасноста од палење на несоодветни материјали кои можат да бидат штетни по здравјето на локалното население.

Од палењето на депонијата најпогодени се земјоделците кои поседуваат и обработуваат земјиште во нејзина непосредна околина. Тие неретко се жалат на смрдеа и чад од депонијата што им ја отежнува работата на посевите.

Загрижени за сопственото здравје велат дека пријавувале и во Противпожарната еднициа и во Полициската станица, но оттаму ги известиле дека за депонијата надлежно е Комуналното претпријатие.

Од Општината велат дека се запознаени со случајот. Депонијата, како што не известија, ја палат несовесни граѓани кои таму го исфрлаат своето ѓубре.

„Проблемот со депониите единствено ќе се реши со државна стратегија, Општини веќе ги предадоа со Одлука на Совет ингеренциите на Владата, па се надеваме дека тоа ќе профункционира во брзо време и ќе се реши проблемот засекогаш.“ додаваат оттаму.

На местото веќе се инсталира хидрант кој ќе помогне во поефикасно гасење на депонијата, а Комуналното претпријатие со сопствени луѓе почесто ќе патролира покрај депонијата.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password