Градската библиотека „Гоце Делчев“ – Валандово, ја збогатува својата најнова услуга – Друштвени игри, овојпат и за тинејџери, адолесценти и возрасни.
Оваа услуга денеска за првпат беше користена од тинејџери, кои во специјално опременото катче во просториите на Домот за култура „25-ти мај“ уживаа во игрите кои се на располагање.
Најмалите корисници во изминатите две седмици станаа редовни посетители во Домот, уживајќи во друштвените игри, кои за првпат како услуга беа воведени на 29-ти јули.