Мартин Динев дел од македонскиот тим кој учествуваше на Олимпијадата по информатика во Баку

Од 8-ми до 11-ти овој месец во Баку се одржа Олимпијадта по информатика на која учествуваа четворица македонски ученици.

Дел од тимот беше и Мартин Динев од Пирава, ученик во во СОУ „Никола Карев“ од Струмица, кој на македонската Информатичка Олимпијада освои златен медал, како прворангиран.

На Oлимпијадата во Баку учествуваа 327 ученици од 88 земји од светот. Македонските средношколци Андреј Величковски и Андреј Шеќеров обезбедија најдобар пласман, освојувајќи бронзени медали, објави Здружението на информатичари на Македонија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.