Советот на вчерашната седница подели 836.000 денари на граѓански организации

На вчерашната редовна седница, меѓу другото, на дневен ред беше и точката за распределба на средства на граѓански организации за финансирање активности во 2019-та година.

Советници освен за потточката за доделување средства за спортско-културната манифестација „Јосифовско лето“, на која советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани за доделување 400.000 денари со образложение дека средствата требало да се пренаменат за други поприоритетни проекти, другите финансирања поминаа едногласно.

Подолу е листата на организации кои добија општински средства:

400.000 Спортски клуб „Проект“ Јосифово, спортско-културна манифестација „Јосифовско Лето“
30.000 Зружение на граѓани „Рок-фест Цале“
60.000 ФК „Победа“ Валандово
90.000 ФК „Проект Цико“ Јосифово – Натпреварување во прва футсал лига
30.000 Спортски клуб од Валандово
60.000 Клуб „Младост“ од Богданци за отворање на ракометна школа во Валандово
30.000 Зрдружение „Олд каар“ за патување со рено 4 од Стојаково до Пекинг
30.000 Црква „Св. Пророк Илија“ Раброво
18.000 Манифестација – Ромска вечер
20.000 Училишен спортски клуб Валандово, секција за одбојка – женски
50.000 Ловно друштво „Орел“ Валандово
18.000 Здружение на Информатичари на Македонија


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password