Второто издание на големиот фестивал на отворено „Josifovo Summer Fest“ годинава се одржува во три фестивалски вечери, од 23-ти до 25-ти август. Домаќин на фестивалот е неповторливиот и единствен Игор Џамбазов.
Голем број на македонски и балкански музички звезди ќе се погрижат за годинашната атмосфера на фестивалот, кој се очекува годинава да ја надмине минатогодишната бројка од над 10.000 посетители.
На 23-ти август (петок) настапуваат: Dj Shorty P, Dj Patsis, Dj Mario Eddie, Divolly&Markward и гости на вечерта – рок бендот „Balkan Jam“. На 24-ти август (сабота) ќе настапат: Марко Логаут, Ареа, Нокаут, Dj Nikifor и гостин – Dj Stefano. И на 25-ти август (недела): Зоран Илиев, Brass Brothers, ѕвездата на вечерта Наташа Беквалац и Dj Tightbeats.
Само за потсетување, минатата година фестивалот имаше огромна посетеност од повеќе градови од земјава, без никакви инциденти и со одлична организација. Идејата на организаторите е фестивалот да расте од година во година, а брендот да остане запаметен во историјата на Јосифово.
Влезот на фестивалот е слободен, а во тек се резервациите на телефонскиот број: 075/ 938-696.