Во Валандово ќе се одржи јавна расправа за под-проектот „Систем за наводнување Страиште“

На ден 21.08.2019-та година (среда) во просториите на Домот на култура „25 Мај”, Валандово, со почеток во 11 часот, ќе се одржи Јавната расправа по нацрт Студијата за оцена на влијание врз животната средина за “Под–проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3” општина Валандово.

Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина беше изработена од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како Инвеститор на под–проектот, заедно со партнерите од компанијата ENCON. Проектот за Систем за наводнување Страиште III фаза ќе се реализира со финансиска помош од Германската Банка за развој (KfW).

Студијата за ОВЖС е подготвена со цел навремено да ги евидентира влијанијата врз медиумите на животната средина и општествените аспекти кои ќе бидат резултат на спроведувањето на проектните активности, предлага мерки за нивно ублажување и план за следење на предложените мерки со вклучени одговорни лица.
Нетехничкото резиме од Студијата е достапно на увид на веб страната на Општина Валандово.

Заинтересираната јавност своите забелешки по однос на нацрт Студијата може да ги достави во писмена форма до одговорните лица за контакт до 23.08.2019-та година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password