Поради градежните работи кои се изведуваат во детската градинка „Калинка“ во Валандово и неможноста за одвивање на едукативниот процес, запишувањето на нови деца ќе биде одложено до завршувањето на градежните работи.
Децата кои се веќе запишани ќе бират распоредени во некоја од градинките во другите населени места во општината.
Во соопштението Општината бара разбирање од страна на родителите, во интерес на безбедноста на дечињата.
По завршувањето на реконструкција градинката ќе биде трансформирана во современ енергетски ефикасен објект.