Одржан свечен прием за првачињата од општина Валандово

Денес во салата „Јанко Узунов“ – Валандово, се одржа свечен прием на првачињата од  сите основни училишта од општината. На приредбата, присутни беа и нивните најблиски.

Градоначалникот Костадинов на првачињата им посака храбро и без стравови да тргнат на ова патување, со кое започнуваат еден процес кој го креира целиот нивни живот во иднина. Им посака и стекнување на нови пријателства, знаење и искуства.

Сите првачиња добија подароци за успешен почеток на годината, а свечената приредба им ја приредија учениците од повисоките одделенија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.