Македонскиот кандидат за „Оскар” – Документарецот „Медена земја” на 26. со премиера во Валандово

Македонскиот документарец „Медена земја” кој воедно е и македонскиот кандидат за престижната филмска награда „Оскар”, добитник на наградата за најдобар светски документарен филм на престижниот филмски фестивал „Санденс” во Америка, на 26. овој месец, премиерно ќе биде прикажан во Валандово.

„Медена земја” ја следи приказната на последната пчеларка во Европа, која се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

Најнаградуваниот македонски документарен филм е дело на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, а во него се појавуваат Хатиџе Муратова, Нафизе Муратова и Хусеин Сам.

Во моментов авторите се во САД, каде што ја продолжуваат промотивната кампања на филмот во трката за „Оскар“.

Проекцијата во Валандово е закажана за 26. октомври во 20 ч., во Домот на култура „25-ти Мај“.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.