Денес во Валандово ќе се одржи третиот Бизнис форум на кој Градоначалникот Костадинов и членови на општинскиот Совет и администрација ќе се сретнат со валандовските стопанственици.
На форумот се поканети сите претпријатија од општината со повеќе од 10 вработени на кој ќе се расправа за предизвиците и проблемите како и начините и мерките со кои Општината може да ја помага локалната економија.