Комплетно е завршена инсталацијата на новата котелска постројка во Здравствен дом – Валандово, јавија од установата.
Со ова се врши промена на досегашното греење на нафта со греење на пелети.
Изградбата е финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција- Република Северна Македонија.
Буџетот предвиден за ЈЗУ Здравствен Дом – Валандово е во вкупен износ 5.250.000 денари, средства кои покрај новата котелска постројка ќе се користат за набавка на нова медицинска опрема и возило.