Во сабота ќе се одржи валандовската промоција на најновото дело на невропсихијатрот Проф. д-р Методи Чепреганов

Во сабота, на 12-ти октомври во 18 часот, во организација на Организацијата на жени од општина Валандово, во малата сала при Домот на културата „25-ти Мај“ ќе се одржи промоцијата на најновото дело на еден од најголемите невропсихијатри и епилептолози во светот, Проф. д-р Методи Чепреганов.

Насловот на делото е „Агресија – моќта на човечкиот деструктивен нагон“.

Во книгата, заедно со Теодора Костовска, интернационален учител на „Уметност на живеењето“ ја елаборираат агресијата секојдневно присутна во нашите интерперсонални односи, дома, на работа, на улица, дури и во дипломатските односи меѓу државите, од сите познати аспекти во актуелните психијатриски научни сознанија.

Модератор на настанот ќе биде Светлана Петковска, а по завршувањето, Професорот ќе биде достапен и за неформален разговор со присутните на промоцијата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.