Во ПУ “Страшо Пинџур” – Удово се одржа училишна приредба по повод одбележувањето на “Детската недела”.
На приредбата настапија талентираните ученици од ОУ “Страшо Пинџур” и подрачните училишта со повеќе драмски, музички и литературни сценски изведби. Првачињата од училиштето, положија свечена заклетва за прием во Детската организација.
Целта на приредбата, беше да се нагласи еднаквоста на децата, да се потенцираат нивните права, да се подигне свеста кај нив самите и кај возрасните за истите и да се охрабрат децата во борбата за своите права, рамноправност и вистинските вредности уште од најмала возраст.