Градоначалникот Костадинов на средби со граѓаните – Втор приемен ден во Пирава

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, неодамна најави дека ќе започне серија од средби со граѓаните во повеќе населени места каде ќе биде одржан приемен ден кој досега се реализираше само во градот Валандово, т.е. во просториите на локалната самоуправа.

Утре, како што објави Градоначалникот ќе биде вториот приемен ден кој ќе се одржи во Пирава, поточно во просториите на месната заедница.

Граѓаните од ова населено место, кои имаат интерес да разговараат со првиот човек на општината тоа ќе можат да го сторат со почеток од 11 часот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.