Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на ЈПДП, Зоран Китанов во посета на општина Валандово

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов извршија увид во градежните активности на регионалниот патен правец Р-1401.

Градежните активности опфаќаат, реконструкција на регионалниот пат кој поминува низ Бојмискиот реон, во должина од три километри, чистење на банкината покрај патот и поставување нова хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Целта на оваа градежна активност, е зголемување на безбедноста на сообраќајните учесници и значително подобрување на сообраќајното поврзување на населените места од општина Валандово со автопатот “Пријателство”.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.