Пепита Маринкова од Валандово учествуваше во најголемото балканско талент шоу „Ѕвездите на Гранд”

Талентираната валандовчанка, Пепита Маринкова, учествуваше во најголемото балканско музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд”.

Пепита пред шестчленото жири и милионскиот аудиториум се претстави со песните „Загрли” од Гоца Тржан и „Ја за љубав нечу молити” од Нина Бадриќ.

За жал Пепита натпреварувањето го заврши во првиот круг, а единствена причина поради која не доби ментор, жирито и ја препиша на недоволната енергија на настапот.

Гостинскиот седми член на жирито, Неда Украден, застана во одбрана на Пепита при нападот на Јелена Карлеуша и рече дека енергијата се добива со искуството, а во моментот кандидатката е под голем притисок.

Таа додаде дека и е жал што валандовчанката го напушти шоуто и непотребно беше жестоко критикувана од дел од жирито, а е музикална и може многу повеќе.

Пепита на публиката од регионот и е позната по настапите со својот „Астра Бенд”, со кој настапуваат на претфестивалските активности на „Фолк фест Валандово”, како и на фестивалот „Јосифово Самр Фест”.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.