Кревање на свеста за лицата болни од пулмонална хипертензија беше целта на маратонот кој денес почна од Валандово

Маратонците, од Валандово, преку Богданци, денес тргнаа за Гевгелија, со хумана цел, со својот спортски подвиг да ја кренат јавната свест за болеста пулмонална хипертензија, како и предизвиците со кои се борат лицата кои боледуваат од истата во Македонија.

Во Македонија регистрирани се неколку десетици лица со оваа ретка болест, но поради немањето на соодветен регистар се стравува дека бројката е многу поголема.

Пулмоналната хипертензија е болест која го отежнува дишењето кај пациентите поради стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна на срцето со белите дробови. Во ситуација кога истата не се третира и навремено не се зема соодветната терапија, која е прескапа, исходот може да биде и фатален по патиентот.

На стартот на маратонот во Валандово, кој се одржа под мотото „Секој здив е предизвик”, а е во организација на здружението „Момент плус” присуствуваше и Градоначалникот на општината, Перо Костадинов.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password