Започнува организираното собирање на смет во Удово – Општината набавува 50 нови контејнери

Општина Валандово објави Јавна набавка за нови 50 пластични контејнери од кои најголем дел се наменети за жителите на село Удово.

Со набавката и поставувањето на контејнерите ќе отпочне и организираното собирање на смет од ова населено место од страна на „Комунален сервис” – Валандово.

Новите пластични контејнери кои се со зафатнина од 1,1м3, општината ќе ја чинат не повеќе од 382.000 денари без данок.

Како што изјавија од Општината неколку од контејнерите ќе бидат поставени и на локации во градот Валандово каде досега недостасувале.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.