Парична казна за две лица од Валандово за непостапување според прописите за време на пандемија

Валандово / 14:25

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело Непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик. Во предлогот обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000 , 00 денари за двете лица.

Обвинетите на 13. овој месец со авионски лет допатувале од Р.Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Од општината велат дека за лицата кои се враќаат од подрачјата со висок ризик, одговорни институции се министерството за здравство и министерството за внатрешни работи. Овие две министерства го организираат тој процес, водат евиденција и ги контролираат новодојдените во нашата општина.

„Општината се посветува на препораките и насоките на Владата и непрестано ги превзема сите превентивни мерки кои се во нејзин делогруг за спречување на шширењето на коронавирусот. Редовно се дизенфицираат улици, контејнери за отпад, институции и останатиот јавен простор низ градот и останатите населени места. Воведовме и момбилни тимови за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица, а образовните институции започнаа неформална образовна настава преку социјалните мрежи. Апелираме на индивидуална одговорност и сериозно пристапување кон препораките од надлежните институции од секој еден граѓанин на општина Валандово.“ додаваат од Општина Валандово.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password