Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на цела државата која ќе трае 30 дена, со можност да биде продолжена по предлог на Владата.
Ова е прв пат во историјата на Република Македонија да се прогласи вонредна состојба, што според претседателот ја отсликува сложеноста на истата и ризикот за сите нас.
„Очекувам владата да биде на висина на задачата. Очекувам владата, министерствата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, дневно да информираат за сите активности како и за ажурираните планови во иднина. Владата ќе продолжи да функционира како техничка, што значи дека придонес ќе даваат и претставниците на опозицијата, односно партиите ќе работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за партискиот рејтинг“, додаде Пендаровски во своето излагање.