Професорката Весна Мојсова-Чепишевска во дом на култура Валандово

На 27.03.2019-та година (среда), во просториите на Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово ќе присуствува професорката Весна Мојсова-Чепишевска.

Мојсова-Чепишевска е доктор на науки по современа македонска книжевност, уникатен универзитетски професор на Филолошкиот факултет во Скопје, книжевен теоретичар, критичар и писател. Таа има објавено околу 300 трудови во домашни и странски книжевни списанија и е автор на 6 книги. За нејзиното творештво има добивано и голем број на награди.

Од домот на култура најавуваат спектакуларен настан што не се пропушта а за целта на нејзината посета дополнително ќе информираат.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.