На 17.02.2019-та година (недела), со почеток од 20 часот, во Кино салата при Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе биде изведена „Пиреј“ на Петре М.Андреевски, во режија на Кире Ѓоргиев.
Улогите ги толкуваат: Велика – Катерина Јовановиќ, Јон – Александар Илов и Суфлер – Марија Илиевска. Костимограф – Васе Ценев, сценограф – Јован Коцевски.
Влезницата чини 100 денари и може да се купи во просториите на Домот на култура. Настанот е поддржан од општина Валандово.