Денеска (05.03.2019-та година) ООУ „Страшо Пинџур“ село Јосифово, го одбележува патрониот празник.
По тој повод, ќе се реализираат неколку активности: во 12 часот полагање на свежо цвеќе на бистата на патронот, 12:15 спортски натпревар и во 13 часот започнува свечената академија.
Од училиштето упатуваат јавна покана до заинтересираните да проследат што подготвија учениците.
Своето присуство го потврди и амбасадорот на Србија г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и конзулот г-ѓа Александра Бањац Ѓурица.