Големи финансиски и затворски казни ќе добијат несовесните граѓани што ќе предизвикаат пожар – информираат од ТППЕ Струмица. Предупредувањата се однесуваат и на околните општини, не само за Струмица, бидејќи се почести се пожарите со зголемувањето на температурите а со нив и штетните последици кои тие ги предизвикуваат.
Според казнениот законик и казнените одредби, казните за предизвикан пожар се од 1.500 до 3.000 евра за физичко лице и од 6.000 до 8.000 евра за правни лица.
Последиците и казните се уште поголеми доколку има загрозено човечки животи, семејни објекти, викендици и друго или доколку има човечки жртви од настанатиот пожар.
Затоа пожарникарите препорачуваат, пред да се палат стрништа или подметнуваат пожари прво добро да се размисли дека сето тоа може да му се случи и на оној кој ќе го предизвика пожарот.
Тие апелираат на голема внимателност и совест од страна на граѓаните, со цел сите заедно да придонесеме за намалувањето на пожарите и со тоа на последиците од нив.