По завршената јавна набавка на страната на Бирото за јавни набавки e-nabavki.gov.mk, општина Валандово ќе започне со асфалтирање на улицата во населеното место Марвинци, која ги поврзува магистралниот пат Р-1401 со Горна Маала – Марвинци.
Улицата е во должина од 570 метри и на неа ќе биде поставена 2.042 квадратни метри асфалтна маса.
Со изградбата на оваа улица, општината се надева да реши еден од клучните проблеми за граѓаните од ова населено место.