Елена Гребенакова и Борис Китановиќ – ученици од втора година гимназија при СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, се учесници во финалето на Genius Olympiad, помеѓу 79 други земји, која се одржува во Освего, Њујорк, САД.
Тие под менторство на професорите Ташка Гетова и Стојан Манолев, учествуваат во категоријата „Наука“.
Genius Olympiad промовира глобално размислување за прашањата за животната средина и постигнување на одржливост преку: основните науки, уметност, креативно пишување инженерство, дизајн и развој на бизнисот.
Фокусот е ставен на следните цели: Да им воозможи на средношколците од цел свет да се справат со еколошките проблеми и да ги извлечат своите способности да произведат решенија; Да ги инспирира да придонесат за заштита и подобрување на животната средина; Да се обезбеди форум за млади од целиот свет да се здружат и да споделат идеи и да се информира јавноста за глобалните еколошки проблеми.
