Во близина на селото Грчиште, место викано Грчки Врв, од страната на Валандово, има активен пожар, јавија од Дирекцијата за заштита и спасување.
На пожарите активно делуваат сите субјекти кои се надлежни за справувањето со пожари.
Дирекцијата за заштита и спасување и понатаму ја следи состојбата на сите опожарени места на територијата на Република Северна Македонија и е подготвена да дејствува доколку има потреба.
Апелираме до сите граѓани, да се воздржат од било какво палење на стрништа и ниви за да се избегнат понатамошни катастрофи од ваков тип.