Утре, 20-ти октомври, среда, во 19 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово, ќе гостува еден од најистакнатите македонски писатели, Венко Андоновски, со неговите „Книжевни разговори“.
На настанот ќе се отвори дискусија иницирана од содржината на делата на писателот, при што сите љубители на неговата работа ќе можат директно да му поставуваат прашања.
Андоновски е добитник на огромен број книжевни награди, а за негово најдобро дело важи романот „Папокот на светот“, кој е издаден 2000-та година.
Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, во Скопје каде и работи како професор. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година Андоновски станал член и на Друштвото на писателите на Македонија.