На 7-ми декември 2019 г., сабота, со почеток од 12 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово ќе се одржи промоција на книгата со хаику песни „Симфонија од бои“ на Никола Д. Сарајлија – Македонски.
Оваа му е петта книга на авторот, кој претходно ги објавил книгите со песни „Промени и спомени“ (1992), „Скала од вода“ (2007), „Меѓи на сонот“ (2009), како и книгата хаибуни „Продавач на илузии“ (2014).
Промотор на настанот е д-р Марина Мијаковска, а презентер нашата добропозната актерка Јулија Милкова.
„Во секој од циклусите не случајно има по осум хаикуа, а бројот осум во нумерологијата означува хармонија и бесконечност. Не случајно Сарајлија преку практикувањето на овој вид поезија , стегната и куса по форма, всушност трага по хармонијата и бесконечноста на мигот.“ е извадок од рецензијата на д-р Марина Мијаковска.