До овој момент, според податоците на Министерството за здравство на територијата на општина Валандово нема ниту едно лице заболено од COVID-19, а 72 лица се во самоизолација.
Градоначалникот Костадинов денес ги потсети граѓаните на препораките за заштита од коронавирусот и апелираше на одговорност од сите граѓани на општината.
„Во овие моменти апелирам сите граѓани на општина Валандово доследно да ги следат и почитуваат препораките на Министерството за здравство и одлуките на Владата. При појава на зголемена телесна температура, кашлица и тешкотии при дишењето, навремено да се побара медицинска помош – преку телефонски повик (072/235-543). Да не се прави групирање на граѓани во поголем број на сите јавно-прометни површини во градот и општината. Граѓаните да не се групираат во домашни услови, да ги откажат куќните слави и да не создаваат залихи од прехрамбени производи и средства, бидејќи снабдувањето со храна и основни продукти во општината е редовно и достапно за сите.“ додаде Костадинов во своето излагање.
Граѓаните, оние повратници од странство кои нема да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство и Владата, можат да ги пријават на бројот на МВР 192.