Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во емисијата „24 Отворено” која се емитува на Телевизија 24, изјави дека Владата на денешната седница ги разгледувала можностите за стопирање со работа на рудникот „Казандол”
Како што посочил Николовски, нотирани биле повеќе правни основи за раскинување на концесијата со инвеститорот, а конечната одлука би требало да биде соопштена за седум дена.