„Ајде да читаме и раскажуваме заедно“ – работилница за деца во Валандово

„Ајде да читаме и раскажуваме заедно“ е мотото на читателската работилница наменета за деца од предучилишна и училишна возраст, која ќе се отвори во Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово.

Работилницата опфаќа читање (митови, сказни и народни приказни),  интерактивна комуникација меѓу децата и реализаторот на програмата, проверка и помош за зголемување на капацитетските способности за апсорбирање и перципирање и вежби за збогатување на креативната имагинација кај децата.

Овој проект има за цел да ја подигне свеста за читање кај децата уште во најрана возраст, во одреден степен да се одвлече нивното внимание од делириумските својства на денешната електроника, како и да се насочи детското внимание кон вистинските вредности.

Реализатор на програмата е Станка Бајлозова. Пријавување и дополнителни информации во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password