На 12.01.2019-та година (сабота) со почеток од 19 часот, во просториите на СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, ќе се одржи модна ревија на дизајнерот Мите Занов, со потекло од Валандово.
На ревијата ќе учествуваат млади валандовчанки – ученички од СОУ „Гоце Делчев“ кои на модната писта ќе прошетаат во креациите на Занов а ќе има и специјални гости. За сите љубители на модата но и оние кои сакаат да присуствуваат на ова шоу, влезот е бесплатен.
На 25.01.2019-та година (петок) во Валандово ќе се оддржи и концерт во чест на Тоше Проески.